Асанж доби дозвола за венчавка во затвор | Свет | DW | 12.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Асанж доби дозвола за венчавка во затвор

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, доби дозвола да се венча во затвор со својата партнерка Стела Морис, соопштија британските власти.

Врската на Асанж со Стела Морис трае веќе седум години, од времето кога Асанж живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се криеше за да избегне испорака во Шведска поради обвиненија за сексуални деликти. Обвиненијата подоцна беа отфрлени.

Асанж и Морис имаат два сина, четиригодишниот Габриел и двегодишниот Макс.

London Aktion Julian Assange Geburtstag Protest

Стела Морис со синовите протестира во Лондон (3.07.2021)

„Ми олесни што преовлада разумот и се надевам дека нема да има натамошно мешање во нашиот брак“, изјави Морис.

Асанж и Морис ја обелоденија својката врска во април 2020 година и од надлежните во затворот побараа дозвола да се венчаат. Тие на директорот на затворот и на британскиот министер за правда Доминик Раб им се заканија со тужба, обвинувајќи ги дека сакаат да го спречат склучувањето на бракот.

„Барањето на господин Асанж беше примено, разгледано и обработено според вообичаената постапка од страна на директорот на затворот, како што се прави за секојдруг затвореник“, беше соопштено вчера до страна на затворот во кој се наоѓа Асанж.

Терминот за венчавката сѐ уште не е определен.

Повеќе:

Нов чин во драмата со екстрадирањето на Асанж

Лондон: Џулијан Асанж нема да биде екстрадиран во САД

Џулијан Асанж - и славен и оцрнуван

Џулијан Асанж, кој се бори да не биде екстрадиран во САД, е во строгиот затвор Белмарш, во Велика Британија, од 2019 година. Во јануари годинава судот отфрли екстрадирање на Асанж во САД поради опасност од самобуство и влошување на психичкото здравје, но тој останува во затвор додека повисока судска инстанца ја разгледува жалбата поднесена од страна на американската влада. Американското обвинителство го товари Асанж по 17 точки кои се однесуваат на објавување на 500.000 тајни документи од страна на Викиликс во 2010 година, а во кои се детално опишани аспекти од воените мисии во Авганистан и Ирак.