(Архива) Крвна плазма- нова надеж во битката со коронавирусот | Свет | DW | 07.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

(Архива) Крвна плазма- нова надеж во битката со коронавирусот

Лекувањето со крвна плазма е познато уште од пандемијата на шпанскиот грип. Научниците и лекарите велат дека се уште нема докази дека тоа ќе помогне против коронавирусот, но подготвени се да се обидат.

Тифани Пинкни го памети стравот кога Ковид-19 и го одзеде здивот. Кога се опорави, оваа њујорчанка стана една од првите излечени пациенти кои донираа крв за третман на сериозно болни пациенти. 
„Навистина е неверојатно кога знам дека можеби одговорите се кријат во мојата крв“, вели Пинкни. 
Лекарите ширум светот сега го реоткриваат со векови стариот третман за инфекции: инфузија на крвна плазма која содржи имунитетски молекули кои им помогнале на оздравените да го совладаат коронавирусот. Засега нема доказ дека ќе функционира. Но поранешни пациенти во Хјустон и Њујорк веќе донираат, а болниците и центрите за донација на крв сега очекуваат стотици нови излечени да го следат нивниот пример. 

- повеќе: Лек за коронавирус од антитела на излечени пациенти 

Американските медицински служби најавија спроведување студија која ќе им помогне на болниците да нудат експериментална терапија со плазма и ќе следат дали тоа помага. Американскиот Црвен Крст ќе ја собира и дистрибуира плазмата.

Она што историските книги го нарекуваат „конвалесцентен серум“ стана познат како терапија за време на пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, но исто така и против сипаници, бактериска пневмонија и бројни други инфекции пред лекувањето да се насочи кон модерната медицина.
Како функционира таа терапија?

Кога организмот е погоден од инфекција, телото создава протеини наречени антитела кои се борат со вирусот. Овие антитела остануваат во крва на излечените пациенти- особено жолтата плазма- со месеци, па дури и години.

Кога ќе се појави нова болест и научниците се во потрага по лек или вакцина, „ова е привремена мерка која можеме брзо да ја имплементираме“, вели д-р Џефри Хендерсон од Универзитетот во Сент Луис, кој работи на националната студија.

„Ова не е лек сам по себе, туку начин да се намали тежината на болеста“, вели Хендерсон.

Докторите не знаат колку долго ќе преживеат антителата против Ковид-19.
„Но засега тие се најсигурната мерка која постои“, вели д-р Ребека Хејли од мрежата за донација на крв од Сиетл. 

- повеќе: Прогнози за 240 илјади жртви во САД

Во САД веќе се пријавиле илјадници луѓе подготвени да донираат плазма. Но постапката не е така едноставна. Оние кои биле заразени и немаат симптоми веќе неколку недели мора најпрво да се тестираат за да се осигура дека повеќе го немаат вирусот. Притоа мора да бидат и доволно здрави за да исполнат и други услови за донирање крв, но и да извршат тестови кои ќе покажат дали нивото на антитела во нивната крв е доволно високо.

„Не ви е потребна плазма од некој кој имал слаб имунолошки одговор. Тоа нема да помогне“, вели д-р Џули Леџервуд од Националниот институт за здравје.

Кинеските доктори минатата недела соопштија дека сите пет пациенти кои добиле конвалесцентна плазма покажале подобрување во рок од една недела. Но тие исто така примале и друга терапија, и без целосна студија, нема начин да се знае дали плазмата навистина помага.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама