„Армагедон“ пожарот покоси најмалку 80 луѓе во Грција | Свет | DW | 25.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Армагедон“ пожарот покоси најмалку 80 луѓе во Грција

Бројот на жртвите од катастрофалните пожари кои зафатија делови од Грција достигна 80 луѓе, но надлежните стравуваат дека бројката е далеку од конечна. Десетици луѓе се водат како исчезнати

Грција тешко се опоравува од хоророт кој го зафати малото приморско гратче во близина на Атина.
Стотици луѓе до синоќа се уште беа заглавени во летувалиштето Мати додека огновите беснееја околу нив. Многумина скокаа во морето за да преживеат, но голем е бројот на оние кои умреле од задушување во своите автомобили или фатени во стапица на високите карпи.


Спасувачките екипи сѐ уште трагаат по преживеани на копно и на море. Прогнозите се дека исчезнати се најмалку 40 луѓе, но утврдувањето на точниот број го оневозможува бавноста на идентификацијата на жртвите.


„Овде беше ужасно“, вели финскиот турис Јакоб Макинен. „Моравме да бегаме од хотелот, бегавме преку плажата и потоа откако огновите нѐ обиколија од сите страни, спасот го најдовме во морето“.


Грчките власти сѐ уште истражуваат што ги предизвикало катастрофалните пожари. На социјалните мрежи веќе се појавија тврдења дека биле видени лица кои ги подметнувале огновите, но тие информации не се официјално потврдени.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама