Арапските држави го условија Катар | Свет | DW | 23.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапските држави го условија Катар

Четири арапски држави му поставија услови на Катар за да ѝ стават крај на блокадата кон таа држава. Меѓу 13-те услови е и испорака на терористи.

Од раководството на Катар се бара да ја запре поддршката на террористи и веќе да не им биде засолниште на „определени лица“, изјавил министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Анвар Гаргаш, а пренесува телевизијата Ал Арабија. Други услови за ставање крај на блокадата се затворање на телевизијата Ал Џазира, ограничување на односите со Иран и затворање на турската воена база во Катар, изјави претставник на четирите држави кои ги поставија условите - Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Египет.

Според Ал Џазира, која се повикува на инасајдерски информации, барањата му се веќе предадени на Катар и сега државата има рок од 10 дена да ги исполни.

Саудиска Арабија и низа други арапски држави го обвинуваат Катар дека пружа поддршка на екстремисти.

Katar - Doha (DW/M. Kos)

Катар има рок од 10 дена да одговори на поставените услови

Со вакво образложение тие на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со оваа земја. Оттогаш границите кон заливската држава се затворени, а запрен е и воздушниот сообраќај. Арапските држави го обвинуваат Катар и за преголема блискост со Иран. Шиитски Иран и сунитската кралска куќа во Саудиска Арабија се конкуренти кои се борат за доминација во регионот.

 

DW.COM

Реклама