Апсење во Келн поради можни отровни супстанции | Информации и анализи за Германија | DW | 13.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Германија

Апсење во Келн поради можни отровни супстанции

Голема операција на полицијата и на пожарникарите во висококатница во германскиот град. Постои сомневање дека во еден од становите има „токсични супстанции“. Резултатот од истрагата допрва претстои.

Германската полиција го претресе станот на еден 29-годишен Тунижанец осомничен дека држи токсични супстанции во неговиот дом во една 15-катница во Келн, пренесоа германските медиуми.

Специјални единици на полицијата во заштитни маски и опрема влегоа синоќа во станот и ги приведоа осомничениот и неговата сопруга. Нивните деца се предадени на чување на градската социјална служба.

Идентитетот на осомничениот не е наведен поради зачувување на приватноста.

Германската новинска агенција ДПА денеска извести оти полицијата и натаму го пребарува станот во населбата Корјвајлер. Сојузното јавно обвинителство ја презеде истрагата за случајот, но сѐ уште нема официјално соопштение за текот на постапката. ДПА пак јави дека постојат сомневања дека уапсениот имал терористички мотив.

DW.COM

Реклама