Апсењата ги извадија Каталонците на протести | Свет | DW | 18.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсењата ги извадија Каталонците на протести

По апсењето на водачите на движењето за независност на Каталонија, во Барселона се одржаа најмасовните протести во последните десет дена.

На улиците на Барселона демонстрираа околу 200.000 луѓе. Тие протестираа против апсењето на каталонските активисти. Демонстрации имаше и во други градови. Шпанското правосудство во понеделникот издаде налог за апсење на двајца водачи на движењето за независност на Каталонија.

Гледај видео 00:42

Двесте илјади луѓе на демонстрации во Барселона

Освен тоа, шпанскиот Врховен суд го прогласи за нелегален каталонскиот референдум од 1 октомври. Во образложението се вели дека законот за референдумот го повредува националниот суверенитет и „нераскинливото“ единство на шпанската нација. Судот оцени дека нелегална била и седницата на регионалниот парламент на која беше гласано за законот.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама