Апелациски суд за пет дена два пати го сменил мислењето | Северна Македонија | DW | 22.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Апелациски суд за пет дена два пати го сменил мислењето

На 14.11. судот сметал дека Јанева може да биде здравствено третирана во притвор, а на 19.11. дека и` треба терапија и хигиена во домашни услови, тврдат извори од судот. Што се сменило во тие пет дена?

Во рок од пет дена Апелацискиот суд донел две различни решенија за барањето на Јанева за укинување на мерката притвор, тврдат за Дојче веле извори од овој суд. Според нив, Советот на Апелацискиот суд во решение од 14-ти ноември ги уважил аргументите на првостепениот суд кои се однесуваат на наводите на адвокатите за влошена здравствена состојба на Катица Јанева .Апелацискиот суд  тогаш оценил дека првостепениот суд правилно одлучил дека тие наводи се неосновани, бидејќи врз основа на доставената медицинска документација, било утврдено дека обвинетата Јанева може здравствено да биде третирана во установата каде ја издржува  мерката притвор.  Притоа, доколку има потреба - таа дополнително ќе биде упатена и во здравствена установа, со што во ниеден момент не се повредува правото на нејзина здравствена заштита. Но, само пет дена подоцна, Советот на Апелацискиот суд го сменил ставот во однос на наводите за нејзината здравствена состојба и решил да ја пушти во домашен притвор. Зошто и како - засега нема одговор.

Хигиена во домашни услови

За разлика од 14-ти ноември, во решението за  укинување на притворот и определување мерка куќен притвор  од 19-ти ноември, било наведено дека „нејзината здравствена состојба е многу влошена, дека се потребни подобри услови за зачувување на нејзиното здравје, да прима редовна медицинска терапија, да има хигиена во домашни услови и по потреба да посетува и специјалист".

Но, во решението не било наведено врз основа на каква медицинска документација била донесена ваквата  одлука на судот.  Ако пет дена претходно, здравствена состојба на Јанева воопшто не била причина таа да биде пуштена во куќен притвор, каков пресврт се случил во тие пет дена? Извори од казнената установа каде што Јанева ја издржува мерката притвор, неофицијално велат дека „во посочениот период (од 14 до 19 ноември) немало никакви осцилации во здравствената состојба на Јанева“.

Skopje Verhaftung von Sonderstaatsanwältin Katica Janeva (DW/P. Stojanovski)

Во решението не било наведено врз основа на каква медицинска документација била донесена поинаква одлука на судот за Јанева

Ако во решението на Апелацискиот суд навистина не е посочена медицинска документација за наводно сменетата здравствена состојба, како причина поради која ја пуштат во куќен притвор, за да нема сомнежи и шпекулации, судот ќе треба јавно да одговори врз кои аргументи е донесена таа одлука. 

Сама се грижи за своите деца?

Но, тоа не е се`. Апелацискиот суд во решението за пуштање на Јанева во домашен притвор, како причина за одлуката навел и дека „таа е жена, самохрана мајка, која сама се грижи за своите деца".

Вистината е дека двете деца на  Јанева се полнолетни, работоспособни и дека не живееја под ист покрив со Јанева. Ќерката на Јанева има основано свое семејство и исто така е мајка. Нејзиниот син Лазар Јанев работеше во „1 ТВ “ се` до нејзиното згаснување. Станот во кој Јанева ќе ја издржува мерката куќен притвор е сопственост на нејзиниот син. Според ова, прашањето е кој за кого ќе се грижи - Јанева за децата, или тие за неа?

Според анкетниот лист на Јанева, нејзините две деца имаат по еден стан во Скопје, едниот во вредност од 100 илјади евра, а другиот од 60 илјади евра. Од личен имот Јанева има куќа во Гевгелија од 370 метри квадратни која била дадена под хипотека за кредит. Јанева има и плац и земјоделско земјиште во гевгелиско, заштеда од околу 100 илјади евра, но и неколку кредити.

Апелацискиот суд ја оценил како правилна одлуката на Советот првостепениот суд, дека понудената гаранција во имот не може да ги даде ефектите кои се очекува да бидат постигнати со мерката притвор.

 

DW.COM

Реклама