1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland Coronavirus Impfstoff
Фотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance
Здравје

Само 50% од граѓаните сакаат да се вакцинираат

ДТЗ
2 април 2021

Најголем дел од анкетираните (39%) би се вакцинирале со „Фајзер“, а 21%  со „Спутник“. Само 3% од анкетираните имаат доверба во „АстраЗенека“.

https://p.dw.com/p/3rX8h

Незадоволство од владините мерки за справување со пандемијата и голема резерва кон вакцинирањето покажа најновата анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. 53% од анкетираните граѓани се незадоволни од владините мерки за справување со пандемијата со коронавирусот. Само 50% од анкетираните сакаат да се вакцинираат, а најголема доверба граѓаните имаат во вакцините на „Фајзер“ и „Спутник“.

-повеќе на темата: Коронавирус: Две третини од Германците сакаат да се вакцинираат

За вакцината на „Синофарм“ се одлучиле 6 проценти од анкетираните, додека за „Модерна“ – 5 проценти од испитаниците. „АстраЗенека“ се наоѓа најдолу на листата на вакцини коишто би ги одбрале македонските граѓани. За неа се изјасниле 3 отсто од испитаниците.

Станува збор за теренска анкета за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието, која Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година на примерок од 1.010 испитаници.

-повеќе на темата: Во што веруваат Македонците: „Не“ за вакцина против Ковид-19, „Да“ за теории на заговор

34 отсто од испитаниците одговориле дека не би се вакцинирале. 16 проценти сè уште се двоумат. 27 проценти од граѓаните не знаат или немаат одговор за тоа за која вакцина би се одлучиле. Запрашани дали се задоволни со мерките кои Владата ги презема за да се справи со кризата, мнозинството (53 проценти) од анкетираните  сметаат дека власта не прави доволно за да ја адресира состојбата со здравството, економијата и образованието.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Штрајк Хамбург

Сѐ застана! Мега-штрајк ја парализираше Германија

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница