Ангела Меркел: Никогаш не бев наивна во односот со Путин | Информации и анализи за Германија | DW | 08.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Ангела Меркел: Никогаш не бев наивна во односот со Путин

Можеше ли да се спречи руската инвазија врз Украина? Ангела Меркел вели дека често размислува за тоа. Дали нејзината политика кон Русија беше премногу блага? Гледајќи наназад, поранешната канцеларка не гледа грешки.

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на разговор во Берлинскиот ансамбл

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел на разговор во Берлинскиот ансамбл

Во изминатите шест месеци Ангела Меркел го правеше токму тоа што го најави пред да ја предаде должноста на својот наследник: направи пауза и не прифати никакви покани. Поранешната канцеларка сега повторно се појави во јавноста. Во театарската сала на Берлинскиот ансамбл пред околу 700 гледачи и бројни претставници на медиумите, прашања ѝ поставуваше авторот и новинар Александар Осанг.

Ја мачи војната

Во поканата за тој разговор наведено е дека Меркел ќе заземе став за „предизвикувачките прашања на денешницата“. Што овие денови е попредизвикувачки од руската агресорска војна во Украина и нејзините последици? А она што е возбудливо во разговорот со Ангела Меркел од прашањата: Дали, гледајќи назад, гледа грешки за времето кога беше на власт, или не.

Ја мачи ситуацијата во Украина, вели Меркел. И по мандатот, таа и натаму е политичка личност. И затоа е потиштена. „Секако дека поинаку го замислував времето по мандатот, на 24 февруари едноставно дојде до пресврт.“ Руската агресорска војна е „брутален напад кој го крши меѓународното право, за која нема оправдание“.

Исполнета до последното место: Театарската сала на Берлинскиот Ансанбл на 7 јуни 2022

Исполнета до последното место: Театарската сала на Берлинскиот Ансанбл на 7 јуни 2022

Осврнувајќи се на своето 16-годишно владеење, поранешната канцеларка и тоа како се прашува „што е можеби пропуштено“. „Ова ситуација веќе сега ја сметам за голема трагедија. Дали можеше да се стори повеќе да се спречи ваква трагедија?“

Уште поостро кон Путин?

Ангела Меркел призна дека кон рускиот престедател, Владимир Путин, можело да се постапува поостро во 2014 година, по руската анексија на Крим. Но, не може да се каже оти тогаш ништо не се сторило, нагласи таа, мислејќи на исклучувањето на Русија од Г8. Тогаш и НАТО одлучи дека секоја членка за одбрана треба да троши два отсто од својот брутодомашен производ. Меркел, исто така, го бранеше спротивставувањето во 2008 година, кога на маса беше вклучувањето на Украина и на Грузија, за ширење на НАТО на исток.

Повеќе: Војна во Украина: Ја губи ли Германија лидерската улога во ЕУ?

„Тогаш Украина беше земја со која владееа олигарси и не можеше едноставно се примат во НАТО.“ Освен тоа, веќе тогаш беше јасно оти Путин не би прифатил членство во НАТО и дека веќе тогаш „тоа би можело да нанесе огромна штета за Украина“.

Дипломатијата не беше погрешен пат

Постојано се враќа во минатото, вели Меркел. Но гледајќи назад, таа нема што да си префрли. „Ако не функционраше дипломатијата, тоа не значи дека била погрешна. Не гледам дека сега би морала да кажам: Тоа беше погрешно. И затоа нема да се извинувам.“ Таа за „среќа доволно се потрудила“ и „многу е тажно што тоа не успеало“.

Додека била канцеларка преовладувало уверување дека на Европа ѝ е подобро со Русија како партнер, отколу конфронтација со Кремљ. Политичарката од партијата ЦДУ, но и нејзиниот долгодошен коалициски партнер СПД, се потпирале на економските врски, комбинирани со политичка и со културна размена. Покрај тоа, гасот, нафтата и јагленот од Русија биле релативно поефтини, што било предност за германската економија.

Ситуацијата со кучето

Дали канцеларката лично го потценила рускиот претседател Владимир Путин, неговата желба за моќ, неговиот потенцијал за агресија? Заем не требало да ја предупреди тоа кога Путин во 2007 година на состанокот во Сочи провокативно го повел своето големо куче, иако знаел дека Меркел се плаши од кучиња?

Од средбата на Меркел со Путин во Сочи во јануари 2007 година

Од средбата на Меркел со Путин во Сочи во јануари 2007 година

За време на посетата на Сочи, Путин ѝ рекол дека за него распаѓањето на Советскиот Сојуз е најлошата работа во 20-тиот век. „Му реков, знаете, за мене тоа беше најголема среќа во животот, бидејќи добив слобода и потоа можев да го работам она во што уживам.“ Во тој момент беше јасно „дека постои големо несогласување и тоа несогласување стануваше сѐ поголемо“.

Поранешната канцеларка смета дека Студената војна со Русија никогаш навистина не завршила.

Не била наивна

Никогаш не била наивна. „Омразата на Путин - да, мора да се каже - непријателството на Путин е насочено кон западниот демократски модел.“ Секогаш предупредувала: „Знаете дека тој сака да ја уништи Европа. Тој сака да ја уништи ЕУ, бидејќи ја гледа како претходник на НАТО.“

Таа никако не го дели тоа мислење, но ете, за време на сите години, не било можно да се создаде безбедносна архитектура која би можела да спречи војна, рече Меркел. „И за тоа мора да се размислува. Исто така, во интерес на Германија е да пронајде 'модус вивенди' со Русја - така можат да коегзистираат двете земји.“

Среќна во новата фаза од животот

На Меркел ѝ е јасно едно нешто: военото одвраќање е единствениот јазик што Путин го разбира. Затоа ѝ е драго што германската армија - Бундесверот сега ќе биде подобро опремена.

Разговорот траеше час и половина, а најмногу се говореше за Русија и војната во Украина. Но, не само за тоа. Ангела Меркел говореше опуштено за новата фаза од животот.

Кој е најголем обожавател на Ангела Меркел?

 „Во политиката бев 30 години и секогаш имав состаноци, средби, состаноци. Верувам дека можам многу добро да се справам со оваа нова фаза од мојот живот и да бидам многу среќна“, рече поранешната германска канцеларка.

DW.COM