Амнести: Смрт и мачења во сириските затвори | Свет | DW | 18.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Амнести: Смрт и мачења во сириските затвори

Амнести интернешнл ја обвини сириската влада за масивно насилство против цивили во државните затвори. Од последици на мачење од почетокот на војната во затворите починале околу 18.000 луѓе.

Од 2011 година, од почетокот на сириската граѓанска војна, според проценките на Амнести интернешнл, во сириските државни затвори како последица од тортура, малтретирања и катастрофалните затворски услови, починале околу 18.000 луѓе. Организацијата Амнести својот најнов извештај за стравичните размери на повредата на човековите права во затворските установи на сириската тајна служба и државните затвори на сириската влада го документира со изјавите на 65 лица кои ги преживеале мачењата.

Систематски напади врз цивили

Овие кршења на човековите права се „шокирачки составен дел на систематските напади на сириската влада и нејзините сојузници врз цивилното население“, истакнува експертот за Сирија од германската секција на Амнести, Рене Вилдангел. Според извештајот, на опозиционерите во Сирија им се заканува опасност во секој момент да бидат приведени и подложени на тортура од силите за безбедност. Опсежните и систематски напади врз цивили треба да бидат квалификувани за „злосторство против човештвото“, се вели во документот, со барање одговорните да бидат изведени пред суд, а на жртвите да им се обезбеди медицинска и психолошка заштита.

Режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад од почетокот на војната киднапирал стотици илјади граѓани, на дел од нив им е загубена секаква трага. Киднапирањата се исто така инструмент за замолчување на опозицијата.

Пекол за затворениците

Како посебно злогласен се истакнува воениот затвор Сајданија, северно од Дамаск. „Катастрофални затворски услови, глад и систематски мачења од овој затвор создадоа вистински пекол за неговите заточеници“, објаснува Вилдангел. Според Амнести, новинарите и меѓународните набљудувачи со години немаат пристап до овој и останатите затвори на сириската тајна служба. Амнести, заедно со една лондонска агенција, со помош на изјави на сведоци ги ренонструираше условите во Сајданија во форма на тридимензионален виртуелен модел, кој е објавен на интернет.

Амнести интернешнл од политичарите бара зголемување на притисокот врз сириската влада за итно ослободување на политичките затвореници и прекин на мачењата и злоупотребите.

Реклама