Амнестија за „Хашките случаи“
20 јули 2011Со прифаќањето на Предлогот за автентично толкување на членот 1 од Законот за амнестија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ решија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите „Хашки случаи“, меѓу кои спаѓаат оној за командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници. По затворањето на хашките досијеа единствениот осуден за воени злодела за конфликтот од 2001 година е Јохан Тарчуловски, чиј случај го процесуираше Хашкиот трибунал. Тарчуловски вчера му се обрати со писмо на премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да ги „стави во историјата“ хашките случаи и да ги „заврши сите трауми од минатата деценија“.
Автор: ГЧ/ЖА/макфакс
Редактор: Трајче Тосев