Американски конзервативци вмешани во велешкиот фејк-њуз бизнис | Северна Македонија | DW | 19.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Американски конзервативци вмешани во велешкиот фејк-њуз бизнис

Истражување на интернет порталот Базфид и македонската Истражувачка лабораторија открива нови детали за начинот на кој функционирале порталите за лажни вести од Велес. Откриени врски со конзервативците во САД.

Двајца американски конзервативци најмалку во период од 6 месеци биле вмешани во шемата за ширење на лажни вести на социјалните мрежи пред американските претседателски избори во 2016 година, открива истражувањето. Новинарската истрага открива вмешаност и на повеќе други автори од САД и од Велика Британија, а се испитува и улогата на Русинката Ана Богачева- во меѓувреме обвинета во САД за мешање во тамошните избори- која престојувала во Македонија кон средината на 2015 година. 

Бизнисот со лажните вести во Велес го започнал адвокатот Трајче Арсов на средината на 2015 година, открива истражувањето, а му се приклучил и неговиот брат Панче Арсов. Нивните интернет и Фејсбук -страници посветени на изборите во САД во еден момент достигнале и два милиони следбеници, пред да бидат исклучени од Фејсбук во април годинава.

USA Präsidentschaftswahlen Poster (Getty Images/J. Moore)

Кампања против Хилари Клинтон на изборите во САД

Пред изборите во САД во 2016 година, со пишување свои текстови на платформите на Арсов се приклучиле и американските конзервативци Париз Вејд и Бен Голдман. Вејд во меѓувреме е кандидат за конгресмен во сојузната држава Невада. Весникот Вашингтон Пост изработи профил на двајцата конзервативци во 2017 година во кој ги опиша како „жолти новинари“ кои профитираат од пазарот на потпалувачки конзервaтивни вести.

Истражувањето открива дека Париз Вејд напишал повеќе од 40 текстови за платформите на Арсов, додека неговиот брат Алекс Вејд бил автор на најмалку 670 текстови објавени под псевдоним. Иако Вејд и Голдман, како и Арсов, на почетокот отфрлале било каква меѓусебна поврзаност, во меѓувреме признаваат дека соработка постоела, но тврдат оти се е чисти и дека не прекршиле никаков закон. Арсов во изјава тврди и дека неговите страници никогаш немале никаква врска со Русија.

Vele (DW/A. Dimitrievska)

Првичната приказна дека лажните вести во Велес ги продуцирале тинејџери полека добива друг тек

Истражувањето, заедно со новинари од САД и Канада, го водела македонската новинарка Сашка Цветковска која вели дека тоа траело повеќе месеци. 
„Тимот уредници и новинари работеше во Скопје, Лондон и Торонто. Само проверката на факти на оваа приказна траеше повеќе од 1 месец. Оваа приказна на сите ни е екстремно драга бидејќи иако не откри некоја голема завера или скандал, сепак фрли ново светло врз проблемот и откри врски со американски автори. Секако, иако не успеавмее да докажеме што правеле во Македонија лица од обвинението од истрага на Роберт Милер (американскиот обвинител, н.з.), како Ана Богачева, откривме дека таканаречените руски тролови доаѓале во Македонија. Со кои цели – се надевам во текот на понатамошната работа ќе добиеме одговори на овие прашања и ќе расчистиме и други дилеми“, вели Цветковска за ДВ. 
Таа објаснува дека на феноменот на лажните вести, не само оние велешките кои ги таргетираа американските избори, туку и генерално на феноменот на инструментализација на информацијата во модерните глобални војни, повеќе од 2 години работат во рамки на Проектот за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП).

Во меѓувреме, македонските безбедносни агенции потврдиле дека соработуваат со властите во САД и во најмалку уште две западно- европски земји во истрагата за можни врски меѓу руски и американски граѓани и бизнисот со лажни вести. Истрагата е сѐ уште во рана фаза.

Целото истражување во оригинал можете да го прочитате на страницата на Базфид.

 

DW.COM

WWW-линкови

Реклама