Американскиот пејач Р. Кели обвинет за сексуално злоставување | Панорама | DW | 23.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Американскиот пејач Р. Кели обвинет за сексуално злоставување

Р. Кели сам им се предаде на американските власти. Тој е обвинет за сексуално злоставување во неколку случаи и соочен е со затворска казна до 70 години.

Р. Кели сам ѝ се предаде на полицијата откако беше обелоденето дека е обвинет за тешко сексуално злоставување на малолетни лица. Портпарол на полицијата соопшти дека музичката ѕвезда е во притвор.

Обвинителството го товари Р. Кели за сексуално злоставување малолетници. Обвинението има десет точки. Од нив девет се однесуваат на сексуално злоставување деца на возраст од 13 до 16 години. Обвинителката Ким Фокс соопшти дека случаите се од периодот помеѓу 1998 и 2010 година и погаѓаат четири жртви, од кои три се малолетни.

52-годишниот Р. Кели со децении е соочен со обвинувања дека злоставувал малолетни лица. Во 2008 година, меѓутоа, шест години по покренувањето на обвинението, тој беше ослободен од обвинувањата за детска порнографија.

USA | Sänger/Rapper R. Kelly wegen sexuellen Missbrauchs in zehn Fällen angeklagt (Getty Images/S. Oslon)

Обвинителката Ким Фокс објави дека обвинението против Р. Кели има десет точки

Според адвокатот на жртвите, Мајкл Авенати, новопокренатите обвинувања се поткрепени со видео-снимка на која пејачот наводно има сексуален однос со малолетно девојче. Авенати пред неколку дена веќе соопшти дека видеото им е предено на иследниците во Чикаго, каде инаку живее пејачот. Р. Кели ги демантира обвинувањата преку својот адвокат Стив Гринберг. Обвинувањата се темелат врз стари и погрешни искази, изјави Гринберг.

Американската телевизија „Лајфтајм“ во јануари емитуваше шестчасовна документарна програма во која повеќе жени го обвинуваат пејачот дека имал секс со девојчиња помлади од 16 години. Други сведоци пак тврдеа дека музичарот, кој стана славен со хитови како „I Believe I Can Fly“, држел жени како свои сексуални робинки. Како последица на тоа издавачката куќа РЦА ја откажа соработката со Кели.

Реклама