Амазон ѝ откажа соработка на полицијата - нема доставување на софтвер за препознавање ликови | Свет | DW | 11.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Амазон ѝ откажа соработка на полицијата - нема доставување на софтвер за препознавање ликови

Амазон веќе не сака да ѝ дава поддршка на полицијата со софтвер за препознавање на ликот, барем засега. Одлуката е донесена среде протести против расизам и полициско насилство во САД.

Сѐ тргна од активисти кои се залагаат за права на малцинствата. Додека во САД траат протрестите против расизам и полициско насилство, активисти покренаа петиција против „империјата на надзор“ на Амазон. Сега концернот реагира и ѝ откажа соработка на американската полиција во делот на употреба на неговиот софтвер за препознавање лик. Привремената забрана важи една година. Со тоа на Конгресот му се дава време за носење „соодветни правила“ за употреба на вакви технологии, соопшти американскиот интернет концерн.

На почетокот на неделава и концернот ИБМ најави дека се повлекува од бизнисот со софтвер за препознавање на ликот. Образложението гласи: не треба да се дозволи технологијата да се употребува за масовно надгледување, расистичка дискриминација или повреди на човековите права. Тоа е наведено и во писмото на ИБМ до пратениците.

Амазон досега постојано ја бранеше полициската употреба на неговиот софтвер за „препознавање“, дури и откако научници по спроведени истражувања критикуваа дека програмата прави повеќе грешки кај луѓе кои немаат бела боја на кожата отколку кај белците. Шефот на Амазон, Џеф Безос уште во текот на минатата есен побара регулирање на употребата на оваа технологија.

Повеќе: 

Внимавај, те снимаат

Големиот брат те снима во Берлин

Конкурентот Мајкрософт тоа го бара уште од 2018 година, но истовремено е и релевантен доставувач на софтвер за препознавање на ликот. Американската полиција има и други алтернативи. На пример, на почетокот на годинава фирмата Клирвју предизвика внимание со тоа што направи датотека од сите јавно достапни фотографии на онлајн-платформи и, меѓу другото, и на полицијата ѝ дозволи пристап до таа датотека.

Гугл, пак, со години се воздржува од понуда на технологија за препознавањена ликот. Дел од градовите во САД, како Сан Франциско имаат донесено забрани за употреба на ваква технологија.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама