Амазонија - регион важен за целиот свет | Свет | DW | 26.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Амазонија - регион важен за целиот свет

Дождовните шуми се извор на влага за цела Јужна Америка, влијаат на врнежите од дожд во регионот, придонесуваат кон стабилизирање на глобалната клима и биодиверзитетот.

Дождови

Амазонската дождовна шума продуцира огромни количества вода - не само за Бразил, туку за цела Јужна Америка. Таканаречените „летечки реки“ пренесуваат влага во голем дел од Бразил. Тоа се воздушни маси заситени со водена пареа, кои настануваат преку таканаречен процес на евапотранспирација, односно комбинација од атмосферско испарување и испарување од губењето на вода низ животните процеси на билките и животните. Овие огромни водени облаци влијаат на врнежите од дожд во Боливија, Парагвај, Аргентина, Уругвај, па дури и во крајниот југ на Чиле.

Според истражувањата на државниот научен институт ИНПА, едно дрво со просечна големина од 10 метри, дневно во атмосферата може да произведе над 300 литри вода во форма на пареа – повеќе од двојно отколку што дневно троши еден Бразилец.

Зачувувањето на Амазон е од клучно значење за земјоделството, прехранбената индустрија и производството на енергија во Бразил.

Уништувањето на дождовните шуми го нарушува процесот на евапотранспирација и досегот на „летечките реки“, а влијае и врз врнежите од дожд во многу земји на Јужна Америка. Притоа, Амазон обезбедува околу една петтина слатка вода која се влева во светските мориња.

Повеќе:

Општ револт поради Болсонаро- но што потоа?

Фотографија на денот: Запрете со експлоатација на амазонските шуми!

Климатски промени

Амазон и другите тропски шуми складираат меѓу 90 и 140 милијарди тони јаглерод, што придонесува кон стабилизација на светската клима. Само амазонските дождовни шуми произведуваат десет процени од вкупната биомаса на планетава. Сечата на шумите, од друга страна, е најголем извор на емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Сечење на шумите за да се добијат земјоделски површини ослободува стакленички гасови во атмосферата и ја дестабилизира климата.

Brasilien Kampf gegen die Abholzung des Regenwaldes (Reuters/B. Kelly)

Бразил се обврза да обнови 12 милиони хектари шума

Една од главните цели на Парискиот климатски договор од 2015 година е намалување на глобалното затоплување под два степена во однос на прединдустриското време, што неизбежно вклучува и заштита на шумите. Податоците на ОН од 2015 година покажува дека Бразил е една од десетте земји со најголема емисија на стакленички гасови.

Бразил се обврза до 2030 година да ја намали емисијата на овие гасови за 43%, во однос на нивото од 2005 година. За да ја постигне оваа цел, земјата се обврза да го зголеми својот удел во одржлива биоенергија и, меѓу другото, да обнови 12 милиони хектари шума.

Животен циклус

Десет проценти од сите познати видови на земјата се во Амазон. Најголемата тропска шума во светот има најголем биодиверзитет во светот. Исто така постојат голем број видови кои не им се познати на научниците, особено од непристапните области.

Зачувувањето на биолошката разновидност е важна затоа што обезбедува одржливост на сите форми на живот. Здравите и разновидни екосистеми, исто така, подобро се опоравуваат од катастрофи, како што се шумски пожари.

Amazon Riff
Corais da Amazônia (Greenpeace)

Корали кај утоката на Амазон во бразилската сојузна држава Амапа

Зачувување на биолошкиот диверзитет придонесува за стабилизација на останатите екосистеми во регионот. Големиот корален гребен на утоката на Амазон во Атлантикот е дом на видовите корали загрозени од глобалното затоплување.

Според биологот Карлос Едуардо Лаите Фереира од сојузниот Универзитет Флуминесе од Рио де Жанеиро овој гребен може да помогне оштетените делови од океанот повторно да се населат со корали. Сепак, нафтените компании како Тотал и БП план таму имаат платформи за дупчење нафта, со што се загрозува овој екосистем.

Производи од дождовните шуми

Животинските и растителните видови во Амазон се исто така важни за производство на лекови, храна и други производи. Над 10.000 видови растенија во регионот обезбедуваат активни состојки за медицинска употреба, козметика или биолошки препарати за штетници.

Според една студија на АБЦ Универзитетот во Сао Паоло, таканареченото растение „мачкин нокт“ може да се користи не само за третирање на артритис и артроза, туку влијае и врз намалување на замор, како и за подобрување на квалитетот на живот на пациентите болни од рак во напредната фаза.

Производите од дождовната шума се продаваат низ цел Бразил – Акаи бобинки, гуарана, тропско овошје, палмина срцевина, како и производи од домородците. Извозни производи пред сѐ се бразилските ореви, јарина (вид палма), рутил и жаборанди (билни состојки), пау роса (скапоцено дрво), како и смоли и масла.

DW.COM

Реклама