Алепо: срам за светот | Свет | DW | 29.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алепо: срам за светот

Состојбата во уништениот град Алепо станува уште поопасна и покатастрофална. Умира надежта на луѓето дека наскоро ќе добијат меѓународна помош, пишува Рајнер Золих

Стариот град на Алепо доби статус на Светско културно наследство од Унеско во 1986 година, а 20 години подоцна, во 2006 го доби и статусот Главен град на исламската култура. Тоа е сега во далечното минато. Сега во Алепо доминираат варварство и некултура. Судбината на сирискиот град срамно го симболизира неуспехот на меѓународната заедница да им помогне на беспомошните луѓе. Тие се целосно напуштени. Тоа е спротивно на културата. Она што сега се случува во Алепо е срам за целиот свет!

Алепо се бомбардира, копнени трупи напредуваат и цели резиденцијални квартови се срамнети со земја. Никој не се обидува да им помогне на луѓето. Никој не се обидува да заштити околу 100 илјади деца за кои Уницеф верува дека се заглавени во делот од градот под контрола на бунтовниците. Резиденцијални објекти, болници, дури и хуманитарни конвои се цел на бомби и не случајно се напаѓаат. Очигледно е дека се вршат воени злосторства додека целиот свет гледа. Уште полошо е што некои земји и учествуваат во тоа.

Путин е најодговорен

Ова обвинување пред сѐ се однесува на Русија. Москва активно го поддржува Башар ал Асад во неговиот обид да ја поврати контролата врз целата земја. Алепо игра важна симболична и стратешка улога. Сега е јасно дека рускиот претседател Владимир Путин е еден од виновниците за страдањата на луѓето во Сирија. Во обид да ги обезбеди свои геостратешки интереси, тој поддржува бесчуствителен и брутален диктатор чии џелати досега убија повеќе луѓе во Сирија отколку терористите на ткн. Исламска држава.

Но и САД сносат дел од вината. Тие не презедоа ригорозна акција против Асад или ИС. Неодлучната американска политика не само што ја овозможи руската интервенција, туку и дозволи земјата да стане бојно поле за прокси војна во која Иран, Русија, либанскиот Хезболах, Саудиска Арабија и Турција директно или индиректно се инволвираа заради сопствени интереси.

Sollich Rainer Kommentarbild App

Рајнер Золих

Малку причини за надеж

Конфликтот стана далеку покомплексен и потежок. Екстремистите на страната на бунтовниците добија повеќе сила. Ним не им е гајле за човековите права. Но во многу региони, тие се главната воена сила која ги одбива нападите на режимот врз цивилното население. Фаталната последица е во тоа што луѓето во Алепо и други градови добиваат впечаток дека им е подобро во рацете на организациите поддржувани од Ал Каеда како поранешниот Ал Нусра фронт, отколку под контрола на ОН или САД.

А што прави Европа? Европа го продолжи своето дипломатско патешествие со прекини на огнот, хуманитарни коридори и во најдобар случај, мировни преговори. Но, таквите обиди најчесто пропаѓаа или беа минирани. Во моментов, всушност и нема алтернативи. И оттука, и многу малку причини за надеж. Убивањето во Алепо и во цела Сирија продолжува. Многу луѓе ќе се обидат да побегнат на сигурно, особено во Европа. Кој не би го сторил истото во таква ситуација?

DW.COM

Реклама