Алексис Ципрас, роден на 28 јули 1974 година во Атина, Грција, е грчки политичар и премиер- на функцијата од 21 септември 2015 година.
Ципрас е лидер на левичарската партија Сириза од 4 октомври 2009 година. Во 1980 и 1990 како член на подмладокот на Комунистичката партија на Грција е активен во бројни студентски протести. По професија е градежен инженер. Како премиер ја предводи Грција за време на преговорите за излез од длабоката економска и должничка криза.