Акција на DW „Ние сме Германија“ | Сите содржини | DW | 04.03.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Акција на DW „Ние сме Германија“

Доколку некои се обидуваат да ја затрујат климата во општеството, ние мораме да делуваме. На Германија и‘ е потребна атмосфера на толеранција. Со акцијата „Ние сме Германија“, Дојче Веле дава мал придонес кон тоа.

Од името на сите кои и натаму сакаат да живеат во земја која ја симболизира сѐ поголема разноликост, познати личности од Германија ја поддржуваат акцијата „Ние сме Германија“. Фото-акцијата прикажува по две истакнати личности од јавниот живот. Тука, меѓу останатите, се светскиот фудбалски првак Жерок Боатенг и поранешната олимписка првенка во уметничко лизгање Катарина Вит, диригентот Даниел Баренбоим, комичарот Каја Јанар, виолинистката Ане-Софи Мутер. Освен тоа, во акцијата учествуваат новинарки и новинари од 30 редакции на ДВ.