„Актуелната политичка елита никогаш нема да ја внесе Албанија во ЕУ“ | Свет | DW | 20.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Актуелната политичка елита никогаш нема да ја внесе Албанија во ЕУ“

Шансите на Албанија за добивање датум за преговори со ЕУ не се којзнае какви. Земјата се смета за една од најкорумпираните во Европа.

Хајредин Фратари е еден од најголемите градежни инвеститори во Албанија. Тој сака да зборува за прашањето кое го парализира неговиот бизнис - државната корупција.

Зградите долж улиците во Тирана изгледаат нормално. Но, тие имаат темна страна. За да се добие дозвола за градење, надлежните често бараат мито.

Стоејќи на покрив од зграда која, според Фратари, е финансирана и има дозвола добиена согласно законот, тој тврди дека тоа е тежок пат во Албанија.

Фратари во 2006 година стана познат откако јавно ја обвини администрацијата во Тирана дека надлежните му барале мито:

„Требаше да добијам градежна дозвола за земјиште, за повеќекатница, добра. Дојде лице и ми побара мито. Му реков: 'Види, ќе ти дадам милион евра, но пушти ме да почнам да градам, зашто ти ќе добиеш милион, а потоа ќе ми речеш дека немам дозвола'. Ми рече: 'Не, парите ги бараме однапред.'“

Околу 90% од профитот од градежните објекти во Албанија влегуваат во џебовите на владините службеници. Но, не се големите претприемачи оние кои страдаат најмногу.

Погледнете го видеото на оваа тема:


Гледај видео 03:42

„Актуелната политичка елита никогаш нема да ја внесе Албанија во ЕУ“

Алберто Насто е загрижен за малите бизниси. Во изминатите неколку години мораа да затворат повеќе од 90.000 мали фирми. Раководителот на Асоцијацијата на мали претпријатија во Албанија, вели дека најголемиот дел од нив едноставно не можеле да плаќаат голем поткуп. А, заштита немаат од никого.

„Со прстите на една рака може да се избројат случаите на казнети корумпирани инспектори кои нѐ контролираат. Главно тие воопшто не се плашат да бараат мито, бидејќи никој не ги казнува или затвора кога отворено бараат поткуп. Нема ништо полошо од тоа дел од месечниот профит да им го даваш ним за мито“, вели Насто.

Луѓето во Министерството за правда демантираат секаква вмешаност. Министерката Етилда Ѓонај вели дека активно се бори против корупцијата - со реформа на правосудниот систем, која е дел од евроинтегративниот процес.

„Корупцијата е предизвик не само за Албанија, туку за сите земји, вклучително и европските. Направивме некои добри чекори. Но, се разбира, мора да направиме повеќе. Бидејќи, корупцијата не е нешто што можете да го елиминирате за само еден ден, потенцира Ѓонај.

Повеќето луѓе во Албанија, меѓутоа, се многу помалку уверени во тоа.

Инвеститорот Фратари е уверен:

„Актуелната политичка елита никогаш нема да ја внесе Албанија во Европската унија затоа што ако се влезе во ЕУ, ќе се случува истото како во Хрватска. Во моментот кога Хрватска влезе во ЕУ, премиерот отиде во затвор. А овде, сите политички елити од 1992 година наваму заслужуваат затвор.“

Со илегални фондови и без изгледи за промени на повидок, изгледите на Албанија да стане дел од ЕУ наскоро се намалуваат со секој даден поткуп.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама