Активистка на Фемен со обид да го украде Исус | Свет | DW | 26.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Активистка на Фемен со обид да го украде Исус

Полугола активистка од феминистичката група Фемен се обиде да ја украде статуата на бебето Исус од божикната декорација на плоштадот Свети Петар во Ватикан. И тоа не е прв пат.

Разголена жена во текот на вчерашниот ден (25.12.) скокна преку заштитната ограда и дотрча до божикната декорација на плоштадот свети Петар во Ватикан извикајќи „Бог е жена“. Истиот слоган беше напишан на нејзиниот гол грб.  Таа притоа се обиде да ја украде статуата на бебето Исус. Ватиканската полиција ја спречи да го стори тоа и ја уапси. Полицијата поднесе обвинение за давање отпор и повреда на полицаец, навреда на религиозни симболи, обид за кражба и непристојно однесување во јавноста.

Гледај видео 00:52

Топлес акција на Фемен во Ватикан

Инцидентот се случи два часа пред папата Франциско да го одржи традиционалниот божиќен говор пред околу 50.000 луѓе на плоштадот.

Фемен на својата интернет страница објави дека топлес-акцијата ја извела нивната активистка Алиса Виноградова, која беше наречена „секстремистка“.

Цел на групата, основана во Украина, е „конечна победа над патријархатот“, пишува на страницата.

Активистка на Фемен слична акција изведе на Божиќ 2014 година, но тогаш успеа да ја земе статуата на бебето Исус пред да ја уапси полицијата.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама