Активисти бараат ЕУ да ја казни Македонија поради високото загадување | Северна Македонија | DW | 10.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Активисти бараат ЕУ да ја казни Македонија поради високото загадување

Северна Македонија за пет пати ја надминува договорената горна граница за загадување со сулфур диоксид, и произведува двојно повеќе прашина. Активистите на Бенквоч бараат санкции од ЕУ.

Наместо да се намалуваат- драматично се зголемуваат емисиите на сулфур диоксид во Северна Македонија и на целиот Балкан, предупредува организацијата за заштита на животната средина Бенквоч (Bankwatch Network). Четири држави од регионот: Северна Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина уште во 2005 година презедоа обврска да ги намалуваат емисиите на сулфур диоксид, кои во најголем дел ги испуштаат термоелектраните. Но наместо намалување, вредностите на отровните емисии се за пет до шест пати повисоки од она што е предвидено како обврска за државите во договор со Енергетската заедница на ЕУ. Убедливо најголем загадувач е термоелектраната Костолац во Србија, која емитувала сулфур диоксид колку што им било дозволено на сите четири балкански држави заедно.
Во Северна Македонија, пак, РЕК Битола и понатаму е главен носител на загадувањето со сулфур диоксид. Термоелектраната произвела речиси 53 илјади тони сулфур диоксид- шест пати повеќе од дозволеното. Дополнително, од битолскиот гигант излегле и 3.470 тони прашина, што пак е трипати повеќе од дозволеното.
Сите земји од регионот, вклучително и Северна Македонија, се обврзаа до 2018 година да ги намалат емисиите на отровните супстанци. Но наместо намалување, се регистрира драстично зголемување на емисиите на загадување.

Das Bergbau und Energie Kombinat REK Bitola (Nord-Mazedonien Regierung)

РЕК Битола бележи рекордно загадување


Извештајот на Бенквоч ќе му биде претставен на Европскиот парламент, а активистите бараат од ЕУ да ги санкционира овие држави кои го загадуваат воздухот. Најголема причина за загадувањето е користењето на јаглен и лигнит за производство на електрична енергија. Активистите бараа од ЕУ да воведе данок на јаглеродниот диоксид или на јагленот во овие земји со што струјата која тие ја извезуваат во ЕУ би била поскапа.
„Сакаме европските институции да го сфатат сериозно овој проблем. Во однос на ова конкретно прашање, имаме јасни докази и мора веднаш да се преземат мерки“, вели ко-авторот на извештајот на Бенквоч, Пипа Галоп.
Штетите за здравствениот систем кои ги предизвикуваат овие термоелектрани се проценуваат на околу 11 милијарди евра годишно.
Според истите истражувања, загадувањето од 16 термоелектрани во регионот во 2016 година однело 3.900 човечки животи ширум ЕУ.
Единствената добра вест за регионот е што паѓаат емисиите на азотен оксид.
Проблематично е што на Балканот се планираат нови термоелектрани на јаглен со вкупна моќност од 2,7 гигавати финансирани од кинески банки, и тие веројатно дополнително ќе го влошат проблемот.

DW.COM

Реклама