Ако Трамп не сака, не мора | Свет | DW | 02.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ако Трамп не сака, не мора

Доналд Трамп го напушта Парискиот договор за климата. Спротивно на здравиот разум. Останатите земји ќе продолжат без САД. Германија во тоа треба да игра важна улога, смета Јенс Турау.

Се случи она што се очекуваше: иако во опкружувањето на американскиот претседател имаше луѓе кои му советуваа да остане верен на Парискиот договор за климата, Трамп одлучи поинаку. САД се повлекоа од договорот - и покрај советите на многу економски експерти - за активистите за заштита на климата и да не зборуваме. А Трамп очигледно не забележа (или му беше сеедно) колку се изолираше со тоа. Канцеларката Ангела Меркел по фрустрирачкиот самит на Г7 во Италија уште еднаш му појасни: кога се работи за климата резултатот беше 6:1 - единствениот глас против беа САД.

Американската блокада

За разлика од минатите години, американската блокада ги обедини другите земји. Порано беше вака: Америка не сакаше да учествува во слични договори, па затоа ни Кина, ни Индија не сакаа. Сега, обете азиски земји сакаат поголем напредок во намалување на штетните гасови. А симболично значење има и тоа што, една недела пред американската објава, шефовите на влади на Кина и Индија беа во Берлин. Тие, заедно со Европејците, ќе мораат да го туркаат планот.

Thurau Jens Kommentarbild App

Јенс Турау

Единството на големите земји, нивната волја и спротивно на волјата на САД да се придржуваат до париските одредби, е добра вест за заштитата на климата. И покрај тоа, игнорантскиот став на непресметливиот човек во Белата Куќа тешко ја погодува заштитата на климата. Прво, научниците предупредуваат дека во наредните години мора да биде постигнат одлучувачки напредок кога се работи за намалувањето на штетните гасови. Второ, пресвртот на подобро во многу земји веќе е во полн замав преку користењето на обновливи извори на енергија - па и во САД. Но, сѐ уште има премногу јаглен и нафта. За навистина да зачекориме во соларната ера, фосилните енергенси морат да бидат потиснати од пазарот, што во САД нема наскоро да се случи. Ниту еден индустријалец при чиста свест нема да ја планира иднината со јаглен, па ни во Америка. Но, преминот на енергенсите кои помалку ја нарушуваат животната средина ќе биде забавен.

Преземање на иницијатива

Да се земе судбината во свои раце и да не потпира врз САД: тоа е заклучокот на Меркел по последниот состанок со Трамп. А тоа сега мора да се спроведе и на дело, особено на планот на заштитата на климата. Потребна е тесна соработка со Франција и Велика Британија- бидејќи тие земји се сложни кога е во прашање климата. Потребно е насочување кон Африка и Азија, да се изгради доверба, да се поднесат заеднички проекти и да се употреби адекватно знаење и способност. И притоа не треба да се заборават американските градови, регионите и сојузните држави со кои треба да се остане во контакт.
Веројатно би било залудно повторно да се разговара со Доналд Трамп. Тој тоа не го сака. Со тоа ѝ штети на сопствената земја. Но, меѓународната заштита на климата ќе може тоа да го преживее.

DW.COM

Реклама