Аеродромот Гетвик отворен за сообраќај | Свет | DW | 21.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Аеродромот Гетвик отворен за сообраќај

По целосниот застој на лондонскиот аеродром повторно се одвива авионскиот сообраќај. Полицијата и војската продолжуваат да ги бараат одговорните за летовите со беспилотни летала, кои го предизвикаа затворањето на Гетвик.

Лондонскиот аеродром Гетвик  е отворен за сообраќај откако беше затворен повеќе од 30 часа поради појавување на беспилотни летала над пистата.

Аеродромот соопшти дека пистата „во моментот е достапна“ и оти се планирани полетувања и слетувања на ограничен број авиони, пренесе Би-Би-Си.

Сообраќајот на Гетвик, втор најпрометен аеродром во Велика Британија, е запрен во средата вечер откако се забележани два дрона над пистата, а затворањето на аеродромот погоди десетици илјади патници.

Илјадници патници и натаму се блокирани на аеродромот додека полицијата сѐ уште трага по пилотот на дроновите.

Претставникот на аеродромот Крис Вудруф рече дека вчера 120.000 патници требало да полетат од моментот на затворање на пистата.

По повод појавувањето на беспилотни летала, британската полиција вчера соопшти оти верува дека во прашање е намерен чин, но оти нема знаци на поврзаност со тероризам.

DW.COM

Реклама