Автомобил со протестни пораки влетал во оградата пред канцеларијата на Меркел | Информации и анализи за Германија | DW | 25.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Автомобил со протестни пораки влетал во оградата пред канцеларијата на Меркел

Возач денеска претпладне со своето возило влетал во оградата пред седиштето на владата во Берлин, потврди портпарол на полицијата. Возачот е уапсен, инцидентот се испитува.

Позадината на настанот не е позната, исто така не е објавено дали има повредени. Возачот е приведен од страна на полицијата, како што соопшти берлинската полиција на Твитер. Уште е нејасно дали возачот планирал со автомобилот да влета во влезот на зградата.

На страната на навидум неоштетеното темно комби-возило со бели букви стои напишано: „Вие проклети убијци на деца и стари луѓе“. На  страната на совозачот е напишано: „Стоп за глобализирачката политика.“

Инцидентот се случи за време на тековната седница на владата, која по правило заседава во среда наутро во Берлин.

Дали акцијата има некаква врска со најновите протести против државните мерки за сузбивање на пандемијата на коронавирус, засега е нејасно. Во минатата недела, за време на гласањето во германскиот Бундестаг за Законот за инфективна заштита беа забранети протести во директна близина на парламентот и пред владината зграда.

 

Реклама