Автомобил влета во група луѓе во Мелбурн | Свет | DW | 21.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Автомобил влета во група луѓе во Мелбурн

Возачот на автомобилот кој влета во минувачи во центарот на Мелбурн извршил намерен напад, соопшти австралиската полиција. Повредени се најмалку 14 луѓе.

Иследниците проценуваат дека нападот во Мелбурн е извршен со намера, а мотивите засега се непознати. Нападот беше извршен среде вечерниот сообраќаен шпиц во центарот на градот. Најмалку 14 лица се повредени, соопштија спасувачките служби. Возачот на автомобилот и уште едно лице се уапсени, соопшти полицијата на австралиската сојузна држава Викторија.

Гледај видео 00:57

Напад во Мелбурн

Очевидци за радиото Тен Нетворк изјавија дека возачот минал на црвено светло и намерно, со брзина од околу 100 мкилометри на час, влетал во минувачите на пешачки премин. Местото на нападот било полно со луѓе, не само поради вечерниот сообраќаен шпиц, туку и поради божиќните празници и купувачи. Меѓу повредените, како што се вели, има и деца.

„Слушнавме бучава. Кога погледнавме лево го видовме возилото, кое едноставно носеше сѐ пред себе. Луѓе летаа наоколу, слушавме бум, бум“, изјави Су, жена очевидец на настанот, за радиото 3АВ.

Случајот наликува на инцидентот од јануари годинава, кога на истото место во минувачи влета друго возило. Тогаш загинаа шест лица, а повредени беа 30. Возачот е обвинет за шесткратно убиство. Случајот, меѓутоа, не се третира како терористички напад.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама