Збогување со моторите со внатрешно согорување | Економија | DW | 18.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Збогување со моторите со внатрешно согорување

Збогувањето со моторите со внатрешно согорување ќе биде скапо и за производителите на автомобилски делови. Браншата страда од последиците од корона-кризата и бара поголема поддршка од политиката.

Германските производители на авомобилски делови по квалитет се во светскиот врв. Блескав светилник е Роберт Бош ГмбХ - број еден во светот во тој сегмент. Но, конкуренцијата е сѐ поголема. Според студија на консултантската фирма PwC, азиските производители на делови во текот на изминатата година значително го зголемиле својот удел на светскиот пазар, и тој сега изнесува 43%. Бош, Континентал, ЦФ Фридрихсхафен и другите, со 26% удел заедно имаат исто така добар дел од колачот, но конкуренцијата станува сѐ поопасна.

На средината од август беше објавено дека германскиот производител на делови Хела, со седиште во Липштат, ќе биде преземен од францускиот конкурент Форесија.

Како последица на намалениот промет поради корона-кризата, стапката на сопствен капитал кај германските производители на делови паднала на 21%, се вели во студијата на PwC, додека азиските конкуренти успеале да ја одржат стапката на сопствен капитал на 48%. Очигледно тие имаат подобар преглед на својата структура на трошоци.

Повеќе:

Студија: Електромобилноста сепак нема да предизвика голема загуба на работни места

Зелените автомобили се иднината

Најголема трансформација во историјата

Но, германските компании тешко може да штедат. Браншата се наоѓа во процес на најголема трансформација во својата историја - се напушта фосилниот мотор со внатрешно согорување, а се оди кон одржливи технологии, особено електромобилност.

Според студија на консултантската фирма Deloitte и Сојузот на автомобилската индустрија (ВДА), над 80% од испитаните компании сметаат дека електромобилноста ќе стане нов стандард. Исто така, над 80% од фирмите велат дека веќе почнале со премин кон електромобилност.

Синтетичките горива не се сосема отпишани

Сепак, 88% од компаниите сметаат дека моторите со внатрешно согорување ќе бидат целосно заменети со електромобилност дури во 2030 година или подоцна. Дел од испитаните претпријатија сметаат дека е можен пробив и на горивните ќелии и синтетичките горива.

„Врз основа на инвестирањето на производителите на автомобилски делови, може да се види дека тие сметаат оти уделот на електромобили и натаму значително ќе се зголемува“, вели Харалд Проф, раководител на одделот за автомобилска индустрија во Deloitte. Голем дел од претпријатијата следи стратегија на контролирано, бавно повлекување од пазарот на технологии со внатрешно согорување, при истовремено зголемување на бизнис-сегментот електромобилност.

За студијата за трансформација, Deloitte и ВДА оваа пролет испрашале 83 фирми за автоделови.

Повеќе:

Од 2030 година само електромобили?

Бајката за „чисти“ електромобили

Над 30% од своите издатоци за истражувања и развој компаниите, според сопствени наводи, ги одвојуваат за подрачјето на електро погонски техники, иако нивниот удел во вкупниот обрт изнесува само 15%. 85% од фирмите ги користат своите добивки од традиционалната технологија на внатрешно согорување за паралелно да ги надградуваат своите компетенции во делот на електромобилноста.

Тоа е и итно неопходно, затоа што муштериите на производителите на автоделови - производителите на автомобили, притискаат за побрзо темпо при трансформацијата кон електромобилност. Така, најголемиот европски автопроизводител Фолксваген најави дека помеѓу 2033 и 2035 година ќе се збогува од возилата со мотори со внатрешно согорување. Дајмлер сака пред 2039 година да произведува палета модели кои се ЦО2-неутрални. БМВ не наведува конкретни датуми, но до 2030 година секое второ продадено возило би требало да е електромобил.

Hildegard Müller VDA

Хилдегард Милер, претседателка на ВДА

Недоволна политичка поддршка?

Претседателката на ВДА, Хилдегард Милер, смета дека „токму средните претпријатија“ кои произведуваат автоделови се пред големи предизвици: „Многу од нив инвестираат многу повеќе од она што во моментов го заработуваат во тој дел.“

Компаниите, според студијата, се жалат во прв ред на недоволна политичка поддршка и безбедност при планирањето. „Климатската политика не значи само поставување цели. За да се остварат најамбициозните климатски цели на светот, потребни ни се и најдобри услови за производство на светот“, вели претседателката на ВДА во интервју за ДВ.

Гледај видео 01:34

Полнење на електричните автомобили при возење

Изградбата на инфраструктура за полнење на батериите на електровозилата во Европа треба да биде таква што возачите на вакви автомобили ќе можат да полнат насекаде. „Тоа за луѓето е еден од најважните критериуми и голем одлучувачки фактор дали е се купи електровозило или не“, нагласува Милер.

Освен тоа, трансформацијата мора да биде придружена и со индустрискополитички мерки: „Тоа значи да се поттикнува образованието на квалификувана работна сила, да се дава поддршка на инвестициите и иновациите и да се создадат алтернативни понуди.“

Германија во последните години, според претседателката на ВДА, видливо го загубила тлото под нозе за дел од факторите кои ја прават добро место за производство и неопоходни се итни подобрувања, „особено во делот на данокот за фирмите, енергетските трошоци и дигиталната инфраструктура“.

DW.COM

Поврзана содржина