Австријците не застануваат, преморените 96 пожарникари заменети со 114 нови | Северна Македонија | DW | 08.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Австријците не застануваат, преморените 96 пожарникари заменети со 114 нови

На аеродромот во Виена синоќа беше извршена замена на австриските пожарникари-доброволци кои ги гаснеа пожарите во Малешевијата. На местото на досега активните 96, испратени нови 114.

Во Северна Македонија пристигнаа свежи 114 пожарникари од Австрија кои ги менуваат 96-те кои деновиве ги гасеа огнените стихии во источниот дел на земјата. На Фејсбук страницата на Противпожарната служба на Долна Австрија беа споделени информации и фотографии од примопредавањето на должноста на пожарникарите.

Брзата замена на преморените пожарникари кои влегоа во речиси деноноќна борба со пожарите во Малешевијата ја овозможиле првите луѓе на аеродромот во Виена и на австриската национална авиокомпанија (Аустриан Ерлајнс), кои ги пренеле пожарникарите од и до Скопје со авион Ербас.


„Во итни случаи брзата поддршка е многу важна. За доброволните противпожарни бригади на Долна Австрија, ова е една од најголемите прекугранични операции против катастрофи и ние сме среќни што го даваме својот придонес", изјави директорот на аеродромот во Виена, Гинтер Офнер.

Првата група австриски пожарникари во С. Македонија пристигна во петокот, а според информациите од теренот, нивната помош била непроценлива во битката со пожарите, како и онаа на пожарникарите од Словенија. Тие се сместени на стадионот во Пехчево со целата опрема која ја донесоа со себе.

Во регионот на Долна Австрија, околу 1.700 пожарникари- доброволци ја обезбедуваат безбедноста на околу два милиони жители. Во регионот на Долна Австрија нема ниту еден професионален пожарникар, а целата служба функционира врз основа на доброволен и волонтерски ангажман.

Гледај видео 01:28

Битката со пожарите во Малешевијата