Австрија, земја без претседател | Свет | DW | 12.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Австрија, земја без претседател

Повторувањето на изборите за претседател во Австрија нема да се случи на 2 октомври, како што беше планирано. Поради тоа што пликовите со изборните ливчиња не се лепат како што треба, изборите се одложени.

Вториот круг од претседателските избори во Австрија ќе се одржи не на 2 октомври, туку на 4 декември, соопшти министерот за внатрешнир аботи Волфганг Соботка. Причина: преслабите ленти за лепење на пликовите со изборни ливчиња. Ако пликовите не се затворени како што треба, гласовите се неважечки. „Не можеме да процениме колку и кои пликови ќе можеа да се одлепат“, рече Соботка. Тоа значи дека изборите немаше да бидат регуларни.

За одлагањето на терминот за изборите сега согласност треба да даде и парламентот. За тоа е неопходно просто мнозинство, рече министерот за внатрешни работи.

За функцијата претседател се борат кандидатот на Слободарската партија Норберт Хофер и поранешниот шеф на Зелените Александер ван дер Белен. Уставниот суд на почетокот на јули донесе одлука за повторување на вториот круг претседателски избори поради неправилности во пребројувањето на гласовите.

Österreich Wolfgang Sobotka Innenminister

Волфганг Соботка го соопшти одлагањето на изборите

Слободарската партија поднесе жалба од 150 страници пред Уставниот суд, оспорувајќи го изборот на претседател на државата. Судиите тогаш не утврдија изборни измами, туку грешки во постапката, како предвреме отворени писма со гласови или чување на писмата со гласови спротивно од прописите, како и пребројување на гласовите од страна на неовластени лица за тоа.

На изборите што се одржаа во мај, кандидатот на Зелените Ван Дер Белен во вториот круг победи со предност дод само 31.000 гласови. Пресудни за изборот беа околу 740.000 гласови стигнати преку писма.

Социјалдемократот Хајнц Фишер замина од функцијата во јули, по цели 12 години како претседател. Поради тоа што не беше избран наследник, должноста претседател привремено ја презема тричлено Претседателство на националниот совет, на кое припаѓа и Хофер. Доколку Хофер победи на изборите, тој би бил прв десен популист на највисоката функција во една членка на ЕУ. Компетенциите на претседателот во Австрија се поголеми отколку надлежностите на германскиот претседател. Покрај назначување и инаугурација на премиерот, тој може и да го отпушти премиерот или целата влада. Меѓутоа, во политичката пракса тој е принуден да ги земе предвид мнозинските односи во парламентот.

Реклама