Австриски пожарникар повреден во пожарите во Беровско | Северна Македонија | DW | 10.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Австриски пожарникар повреден во пожарите во Беровско

Се прават напори да се обезбеди негов итен транспорт за Виена, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Австриски пожарникар е повреден при гаснењето на огнената стихија во Малешевијата. Станува збор за 53-годишен пожарникар кој од почетокот на минатата недела учествувал во деноноќната битка со огнената стихија која го зафати источниот дел, пеплосувајќи ги „белите дробови“ на земјата. 

„Пожарникарот има скршен пршлен и посериозни повреди со коишто се здобил вчера при акцијата за гаснење на пожарите во беровскиот регион“, вели во изјава за ДВ директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Тој денеска го посетил повредениот пожарникар, со цел да се информира за неговата здравствена состојба.

Гледај видео 02:33

Сведоштва од Будинарци: „Психички се разболевме од пожарите“

-повеќе на темата: Австриските доброволци земале одмор за да гасат пожари во Малешевијата

„Пожарникарот е во стабилна состојба, пружена му е помош и е хоспитализиран на Клиниката за трауматологија во Скопје. Се прават напори да се обезбеди негов итен транспорт за Виена“, вели Максути. 

Waldbrände in Nordmazedonien

Пожарникарот е дел од поголемата група пожарникари волонтери од Австрија, коишто пристигнаа во Северна Македонија.

Пожарникарот е дел од поголемата група пожарникари волонтери од Австрија, коишто пристигнаа во Северна Македонија за да помогнат при глснењето на огнената стихија којашто зафати повеќе региони. Најдраматична беше битката за спасување на Беровскиот, каде што бил распореден и овој пожарникар.

Повеќе: Малешевци за австриската опрема: Доживеавме културен шок!

Пожарникарите од Австрија се придружувани и од два лекарски тима, коишто веднаш му укажале помош на повредениот, по што му била пружена помош и од македонските лекари. 

„Нема оштетување на нервите, нема потреба од операција. Засега препораката е да мирува“, вели Масути по посетата на пожарникарот во болница.