Австралија гледа „државен актер“ зад предизборните хакерски напади | Свет | DW | 18.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Австралија гледа „државен актер“ зад предизборните хакерски напади

Австралиските власти соопштија дека некој „софистициран државен агент“ е одговорен за хакерските напади врз информативниот систем на парламентот и неколку политички партии, неколку месеци пред изборите во земјата.

Премиерот на Австралија, Скот Морисон (насловна фотографија), изјави пред пратениците во парламентот оти безбедносните служби водат истрага за овој хакерски напад и додаде дека, исто така, се погодени и неколку партии, меѓу кои Лабуристичката партија и либералите.

„Нашите стручњаци сметаат оти некој државен софистициран агент е одговорен за овој напад“, изјави Морисон не наведувајќи ниту една странска земја или некое конкретно име.

Повеќе:

-Шест хакерски напади кои го шокираа светот

-Државни хакери

Премиерот додаде дека стручњаци работат на дополнителна безбедност на системот. Австралиските власти на 8 февруари наведоа дека се случил хакерски напад на информативниот систем на парламентот.

Тогаш премиерот и многу членови од владата мораа да ги променат шифрите за да влезат во системот. Локалните медиуми пренесоа оти е можна вмешаност на Кина, но оваа вест не е официјално потврдена. Стручњаците за информатика сметаат дека е потребно повеќе време да се утврди кој е одговорен. Хакерскиот напад се случи пред парламентарните избори во мај во Австралија.

DW.COM

Реклама