Авиокомпанијата Ер Берлин замина во историјата | Економија | DW | 28.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Авиокомпанијата Ер Берлин замина во историјата

Втората по големина авиокомпанија во Германија, Ер Берлин, замина во истoријата. Вчеравечер беше реализиран последниот лет.

Последниот лет на Ер Берлин беше на релација Минхен-Берлин. Авионот беше полн со вработени и патници, а пилотот, кој за тоа имаше посебна дозвола, за крај направи неколку круга на небото над Берлин.

Ер Берлин беше втора по големина авиокомпанија во Германија, а беше основана во 1979 година. Таа имаше околу осум илјади вработени и околу 150 летала. По објавувањето банкрот, во август годинава, Луфтханза најави дека ќе преземе повеќе делови од Ер Берлин, кои бројат неколку илјади врабнотени, како и над 80 авиони.

Гледај видео 01:04

Збогум, Ер Берлин

Во текот на претходните денови е постигнат договор за преземање на делови на Ер Берлин и од страна на Изиџет. Денеска изутрина е соопштено дека британската авиокомпанија за 40 милиони евра ќе преземе 25 авиони, а ќе ги купи и правата за полетување и слетување од аеродромот Берлин-Тегел. 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама