Евакуираните Авганистанци пристигнуваат во Албанија | Информации и анализи за Балкан | DW | 20.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Евакуираните Авганистанци пристигнуваат во Албанија

Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан, итно неопходно е да се најде сместување за луѓето евакуирани од таа земја. Албанија постигна договор со САД да прими дел од нив. Сега се познати и детали од договорот.

Амбасадорката на САД во Албанија, Јури Ким, на 17 август рече дека во оваа земја ќе пристигнат одреден број Авганистанци, но оти не знае точно колку. ДВ од неофицијални извори дознава дека би можело да се работи за 300-350 луѓе во првиот контигент, и оти подоцна би можеле да пристигнат уште 800 бегалци.

Оваа хуманитарна операција е целосно во рацете на САД кои за тоа се договараат со албанското Министерство за надворешни работи. Бегалците би требало да се сместат во 6 студенски дома во Тирана. Таму има околу 7.500 кревети. Официјалните лица, според развојот на ситуацијата, велат дека Авганистанците ќе бидат префрлени во хотели во Драч на брегот на морето.

Политичка и морална обврска

Поранешниот албански амбасадор во САД, Агин Нешо, вели дека приемот на илјада Авганистанци е политичка и морална обврска на неговата земја. „Оваа акција е знак на подготвеност помалите земји, како што се Албанија и Косово, да преземат одговорност и да соработуваат со западните земји во екот на кризата“, вели тој.

Но, додава и дека „без разлика на тоа што сметаме оти станува збор за правилна акција, немаше транспарентност во постигнувањето консензус за тоа со сите државни институции, а ниту со јавноста“.

Повеќе:

-ССНМ: Бараме итни визи за да се спасат авганистански новинари!

-Скопје ќе прифати 190 луѓе: Mилионски бран тргнува од Авганистан

-С. Македонија ќе ги отвори границите за цивилното население од Авганистан

Владата на Албанија ги уверува граѓаните дека немаат од што да се плашат. Неофицијален извор близок до правосудството за ДВ вели дека Авганистанците ќе поминат контроли при доаѓањето во Албанија, на Косово и во другите земји кои ќе ги примат.

Експертот за безбедност Редион Ќирјази не верува оти прифаќањето на бегалците од Авганистан ќе има негативни последици за националната безбедност на Албанија. „Овие граѓани побегнале од смртна опасност, од режим кој би можел да ги гони поради тоа што соработувале со сојузничките сили во Авганистан, или поради нивните демократски уверувања, поради тоа, за нив приоритет не е извоз на насислство, туку потрага по засолниште“, вели тој.

Стравот на радикалните сили не е правилен

Ќирјази додава дека Авганистанците во Албанија ќе се надгледуваат, но оти станува збор за идеолошки умерени граѓани чии верски и политички погледи се слични на оние кои ги имаат другите муслимани ширум светот. „За разлика од она што го слушате и читате во медиумите, луѓето кои ќе бидат тука сместени не се талибанци, туку нивни противници. Можете да замислите дека многумина од нив имаат врска со Запад и оти немаат намера трајно да останат во Албанија. Тие порадо би заминале преку океанот, во САД и во Канада, во заедници каде ќе се чувствуваат како дома“, вели Ардијан Вехбију, албански публицист кој живее во САД.

Karte - Kosovo und Albanien -EN

Може ли Албанија да си дозволи Авганистанци?

Вехбију смета дека Албанија ќе биде во состојба да ги прифати авганистанските бегалци - со финансиска и логистичка поддршка од НАТО. А Редион Ќирјази потсетува оти Албанија во нормални услови нема многу големи капацитети за прифаќање на поголем број мигранти. И додава дека „во овој случај сѐ уште не е јасно дали приемот на бегалците ќе се одвива преку службени канали, или за тоа ќе бидат задолжени алтернативните организации“.

Иако Албанија и Косово се мнозински муслимански земји, Агин Нешо не верува дека религијата била важна за Вашингтон при донесувањето на одлуките за земјите кои ќе ги примат бегалците.

Ардијан Вехбиу е убеден дека ова е добра можност: „Одлуката на владата на Еди Рама ја гледам како исполнување на обврската кон коалицијата, НАТО и САД, која во моментов е во неволја. Покрај тоа, албанските воени единици беа присутни во Авганистан со години и учествуваа во мировните мисии таму, воспоставувајќи соработка со локалното население. Мислам дека е хумано да им се помага на луѓето кои се во сериозна опасност, а исто така и затоа што веруваа во мисијата на западната коалиција во Авганистан. Беше кажано дека НАТО сега ќе ги покрие трошоците, но и да не е така, гостопримливоста на Албанија нема да се намали “.

Поранешниот амбасадор Нешо вели дека режимот може да ја искористи ситуацијата за да добие политички поени: „Автократскиот режим добива повеќе, а не Албанија“. „Режимите“, додаде тој, „во такви ситуации настојуваат да преговараат во нивна корист, наместо во корист на Албанија и на нејзините граѓани“. „Најголемата лекција што доаѓа од Авганистан е дека корумпираните режими не треба да се толерираат затоа што со себе носат неподносливи кризи