Абортусот ја вжешти ситуацијата во Полска: „Доста е!“ | Свет | DW | 31.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Абортусот ја вжешти ситуацијата во Полска: „Доста е!“

Десетици илјади луѓе маршираа во центарот на Варшава во знак на протест против заострувањето на правото на абортус. Претседателот Дуда сака со нов предлог-закон да придонесе за деескалација.

Во Варшава се одржа досега најмасовниот протест против заострувањето на правото на абортус. Десетици илјади жени и мажи маршираа на улиците на главниот град на Полска, наспроти забраната за собирање донесена поради пандемијата на коронавирус.

Polen Proteste gegen Abtreibungsverbot

Во Варшава протестираа десетици илјади луѓе

„Подготвени сме да се бориме до крај“, изјави коосновачката на организацијата „Штрајк на жените“, Марта Лемпарт. Многу учеснички во протестите носеа плакати на кои стоеше: „Доста е!“ и „Мое тело, моја одлука“. Се извикуваа и пароли против владеачката партија Право и правда (ПиС).

Протестите во Полска траат веќе една и пол недела. Повод беше пресудата на Уставниот суд, со која владата на ПиС доби зелено светло за заострување на законот за аборутс.

Повеќе:

Полска: Политички цинизам среде пандемија

Моравјецки бара крај на протестите за правото на абортус

Полска веќе сега го има еден од најстрогите закони за абортус во Европа. Жените смеат да прекинат бременост само доколку забремениле како последица на силување или инцест, доколку нивниот живот е во опасност или доколку фетусот има тешки аномалии.

Polen Warschau | Protest gegen Abtreibungsverbot

Жените велат: „Мое тело, моја одлука“

Претседателот Анджеј Дуда во меѓувреме најави нов предлог закон. Тој предвидува можност за прекин на бременоста доколку, според лекарската дијагноза, е веројатно дека детето ќе се роди мртво, или дека ќе почине непосредно по раѓањето поради аномалии.

Поврзана содржина

Реклама