1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џенсон Батон победи на австралиското Гран При

18 март 2012

Џенсон Батон, членот на тимот Мекларен, победи на отворањето на сезоната на австралиското Гран При, оставајќи го зад себе Себастијан Фетел од Ред Бул, кој заврши на второто место.

https://p.dw.com/p/14MKi
Фотографија: Reuters

Ова е трета победа по ред на Батон пред светскиот шампион Фетел. Трет трката ја заврши тимскиот колега на Батон, Луис Хамилтон.

Батон за победата се заблагодари на својот тим. „Автомобилот е убав и многу брз. Ви благодарам момци“, рече тој преку тимското радио.

Батон го презеде водството од Хамилтон на првиот свиок и потоа го зголемуваше растојанието меѓу него и неговиот тимски колега. До десетиот круг оваа дистанца беше три секунди.

Михаел Шумахер ја држеше третата позиција во првите девет круга, но беше под притисок на Фетел и имаше проблем со возилото. Германецот рече дека е оптимист за сезоната, но забележа дека често се случуваат проблеми со опремата во болидот и објаснувањето за тоа го побара во фактот што се работело за прототип возило.

„Се надевав дека можам да ја земам првата позиција на подиумот за Мерцедес, но вртејќи на свиок забележав дека има проблем и се оддалечив“, рече Шумахер.

Ромејн Грожан од Лотус, пак, трката ја започна сензационално од третото место, но на почетокот беше вмешан во судар и се откажа од ртката. На дваесет круга до крајот безбедносното возило мораше да интервенира, откако Виталиј Петров се повлече од трката, а неговиот болид мораше да биде отстранет од патеката.

Ова му овозможи на Фетел да направи брз пит-стоп за да ги промени своите гуми за последен пат и, што е уште поважно, му овозможи да се вратати во трката пред Хамилтон.

Кон крајот имаше дополнителна драма. Членот на Вилијамс Пастор Малдонадо, кој беше шестти, удри во ѕидот во последниот круг.

На четврто место заврши Марк Вебер од Ред Бул, кој се’ уште чека на првото место во домашната трка, а Дернандо Алонсо заврши на петото место.

Следната трка е за Големата награда на Малезија, што ќе се одржи на 25-ти март.

Автор: Александар Методијев /дпа/ројтерс

Редактор: Симе Недевски