1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе пропадне ли ЕУ - самитот?

ЖА/дв/дпа/афп22 ноември 2012

Шефовите на држави или влади денеска (22.11) се состануваат во Брисел за да го решат спорот околу планирањето на буџетот на ЕУ. Но, прашање е дали тоа ќе им успее.

https://p.dw.com/p/16nre
Фотографија: picture-alliance/dpa

Непосредно пред вонредниот самит околу финансиските рамки на ЕУ до крајот на оваа деценија, германската влада не исклучува можност од неуспех на преговорите. Канцеларката Ангела Меркел навести дека шефовите на држави или влади на средбата која почнува денеска во Брисел, можат да не постигнат единство при планирањето на буџетот од 2014 до 2020 година.

Германија и други држави, најголеми уплатувачи, настојуваат во време на сеопшта криза на кратења во буџетот на ЕУ, кој според предлогот на Европската комисија, треба да се зголеми во однос на досегашниот и изнесува околу илјада милијарди евра. Но, на поголеми скратувања се противат пред се‘ земјите - приматели на европските пари за поддршка од Источна Европа.

Belgien EU Gipfel Finanzkrise Angela Merkel
Владата на Меркел не исклучува можност од неуспех на преговорите за ЕУ буџетотФотографија: dapd

Велика Британија, единствена земја која наместо благо зголемување, бара кратење на буџетот на ЕУ, најави во меѓувреме попуштање. Премиерот Дејвид Камерон е подготвен да прифати горна граница од 940 милијарди евра, известува британскиот весник „Фајненшл тајмс“. „Имаме впечаток дека господин Камерон го доби тоа што го бара“, цитира весникот претставник на ЕУ.