1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужнорејските заложници се вратија во татковината

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BaeJ

Повеќе од шест недели по нивното грабнување во Авганистан, 19- те јужнокорејски заложници се вратија во нивната татковина.

На аеродромот во Сеул изразија жалење што им причинија грижи на владата и на народот,како и благодарност што се повторно дома.

Дваесет и тројцата христијански хуманитарци беа киднапирани од радикално исламистичките Талибанци во Авганистан во средината на јули.Јужнокорејската влада ги демантираше тврдењата на грабнувачите дека платила откупнина од 20 милиони долари.