1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јужнокорејците се уште во рацете на Талибанците

12 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTNd

И покрај информациите за ослободување на две сериозно болни жени од групата киднапирани Јужнокорејци во Авганистан, потврдено е дека за сега сите се уште се во рацете на Талибанците. Портпарол на киднаперите најави дека тие ќе бидат пуштени наскоро. Талибански лидер кој учествува во преговорите за ослободување на заложниците, изјави започнатите разговори со јужнокорејската делегација се успешни, но Талибанците не отстапуваат од барањата за размена со нивни затвореници во Авганистан. Очекуваат барањата да им бидат исполнети.