Јордан има намера до 2030 година околу една третина од енергијата што се произведува во земјата да се добива од нуклеарните централи. За разлика од соседните земји, Јордан има малку нафтени извори и 95% од потребите за енергија ги покрива преку увоз.