Јован Павле Втори - Суперстар
13 септември 2005Тоа беше како слика од старите времиња , кога луѓе во бели одори излегуваа на прозорецот на бискупската палата во Краков а младите луѓе собрани пред неа пееја. Собирањето под прозорецот беше 20 годишна традиција на аџиите кои доаѓаа во старата бискупија на папата Јован Павле Втори . Меѓутоа сликата од минатото е видоизменета.
Новото собирање под прозорецот го предоводи оскаровецот Џон Воит , кој игра во улогата на Јован Павле во новата полскско американско италијанска телевизиска серија за животот на Карол Војтила .
Продукцијата на серијата опфаќа 150 актери , 3500 статисти и буџет вреден 20 милиони евра. Таа треба да се појави на телевизиските екрани до крајот на годината , поточно во времето на празнувањето на Божиќ.
Папата Јован Павле Втори неполни шест месеци по неговата смрт во татковината полска е вистинска суперзвезда . Се снимаат и прикажуваат филмови за неговиот живот , а се продаваат и голем број компакт дискови и ДВД поврзани со неговото дело .
Така на пример Пољаците непосредно по смртта на својот омилен сонародник , имаа можност уште еднаш преку емоционалните сцени на филмот “ Карол- Човекот , кој стана папа“ подобро да го запознаат човекот Карол Војтила .
Песните и молитвите на полскиот папа во неговата татаковина можат да се најдат насекаде . Сеедно дали станува збор за магазини за внатрешен дизајн или класични женски списанија , во сите од нив можат да се најде подарок ЦД со патувањата на Јован Павле Втори во Полска . И што е поважно ваквите компактискови ги зголемуваат тиражите на списанијата .
Ако на ова се придоде и реакцијата на издавачките куќи кои продаваат голем број примероци од новите но и од старите книги на Папата , кои веднаш по неговата смрт добија нови насловни страници и видоизменет дизајн , тогаш сликата за Јован Павле Втори како суперстар е комплетна .
Со други зборови оној кој е во потрага по “ Д бест оф Карел Војтила“ во Полска има навистина голем избор .