1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јован е во затвор

Горан Петрески9 август 2006

Човекот по кого беше распишана потерница - сам се појави во затворот Идризово

https://p.dw.com/p/Adcr
Фотографија: AP

Поранешниот владика Јован вчера доцна попладне доброволно се јави во скопскиот затвор Идризово на издржување едногодишна казна затвор поради финансиски малверзации во Велешката епархија. Вранишковски не ја признава вината и вели дека е осуден на “политички монтиран судски процес“. Македонската полиција пред две недели распиша потерница по него, отккао тој не се јави во затвор во предвидениот рок, бидејќи бил во Белград на лекување. Во МВР немаат одговор – како човек кој се гони со потерница, успеал незабележано да влезе во Македонија? Како заминувањето на Вранишковски во затвор ќе се одрази на односите меѓу Македонската и Српската православна црква? Од една страна, српската црква го признава само него, од друга – македонската црква не го смета за фактор. Владиката Петар изјави оти македонската страна може да иницира нов дијалог со српските попови, но само откако случајот Јован ќе биде симнат од дневен ред:

“Во случај ние да водиме дијалог со нив, а прашањето не е симнато од дневен ред и Вранишковски се наметнува како странка во тој дијалог, тогаш е тоа погубно за МПЦ“, рече владиката Петар.

Со оптимистичка порака се огласи владиката Кирил. Тој рече дека МПЦ ќе ги преброди обидите за разнебитување:

“Македонскиот црковен духовен брод, односно кормилото на тој брод се наоѓа во сигурни раце, апсолутно. После обновата на афтокефалноста на нашата света црква од 1967 година, тој брод знае каде плови, знае кон кое пристаниште тргнал и ве уверувам – тој неоштетен ќе пристигне во своето тивко и црковно-духовно и сенародно макеоднско пристаниште.“