Јиржи Руснок е мандатор за состав на чешка влада
25 јуни 2013Реклама
52-годишниот економски експерт и поранешниот министер за финансии беше денеска (25.06) назначен во Прага. Тој треба да ја изведе земјата од политичката криза, во која ја вовлече претходниот премиер, Петр Нечас. Шефот на претходната центристичко-десна влада на 17 јуни поднесе оставка поради скандал со корупција и прислушување.
Левоориентираниот Руснок сега треба да го состави кабинетот, чиј состав треба да го одобри претседателот. Потоа, владата во рок од 30 дена треба да биде претставена и да добие поддршка во парламентот. Исходот е неизвесен, зашто повеќе партии претпочитаат нови избори. Тие му префрлуваат на Земан дека го заобиколува парламентот и протежира влада составена од приврзаници на неговиот табор.