Јемен – атентат
3 јули 2007Реклама
При самоубиствен напад во Јемен животот го загубија седуммина шпански туристи и двајца Јеменци. Според официјалните информации во нападот имало и поголем број повредени. Атентаторот се кренал во воздух со возилото пред еден антички храм во Мариб. Истражните органи зметаат дека зад атентатот се крие терористичката мрежа на Ал Каеда.