1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јеменскиот претседател Салех се врати во земјата

23 септември 2011

По три месеци отсуство, јеменскиот претседател Али Абдула Салех се врати во татковината. Според медиумските информации, Салех слетал утринава во Сана.

https://p.dw.com/p/12f1w
Претседателот Али Абдула СалехФотографија: dapd

Салех беше повреден при еден напад врз претседателската палата во главниот град Сана на 3 јуни, по што беше префрлен на лекување во воена болница во Ријад, поради изгореници. Салех ја напушти болницата уште на почетокот на август, по што престојуваше на различни места во Саудска Арабија на опоравување. Тој е на власт во Јемен 33 години, а веќе осум месеци во земјата има протести против неговото владеење. По повторното разгорување на борбите меѓу приврзаниците и противниците на претседателот, во Сана од неделата до сега загинаа околу 100 лица. Денеска изутрина се водат борби во квартот Хасаба, во северниот дел на главниот јеменски град. Според болнички извори, во текот на ноќта две лица го загубиле животот при удар на гранати.

Автор: ЕМФ/ГЧ/афп

Редактор: Борис Георгиевски