1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јанша осуден на две години затвор

ЕМФ/бета5 јуни 2013

Судот во Љубљана денеска (05.06) го осуди поранешниот премиер и претседател на Словенечката демократска партија Јанез Јанша на две години затвор и 37.000 евра во аферата „Патрија“.

https://p.dw.com/p/18jxp
Фотографија: Getty Images/AFP

Покрај Јанша, денеска им се изречени затворски казни во траење од по 22 месеци и на бизнисменот Иван Чрнкович, сопственик на „Ротис“ и на генерал Тоне Кркович. Тие двајца добија и парични казни од по 37.000 евра.

Тројцата се осудени за земање подарок при купување на оклопни транспортери од финската фирма „Патрија“.

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша на крајот на мај изјави дека обвинителството нема докази против него. Тој подвлече дека е кристално јасно оти не е виновен и додаде дека аферата му нанесла голема штета на неговото семејство, партијата и на цела Словенија.

Судењето трае од септември 2011 година.

Пред Окружниот суд во Љубљана се собрани неколку стотици приврзаници и противници на Јанша. Мирот меѓу нив го одржува полиција.