1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѕвездена екслозија на 240 милиони светлосни години од земјата

9 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6A

Американските астрономи ја набљудувале досега најсветлата ѕвездена ексползија, која според нивни проценки се случила на оддалеченост од 240 милиони светлосни години од земјата. Како што соопшти НАСА во понеделникот, ѕвездатата Супернова набљудувана мината есен, била 50 милијарди пати посвтела од сонцето. Претставата на небото траела 70 денови. Сличен процес во моментов се набљудува кај ѕвездата Ета Каринае на млечниот пат, која е на оддалеченост само на 7.500 светлосни години од земјата.