Ѓул ги предупредува курдските бунтовници
8 октомври 2007Реклама
Еден турски војник загина, а тројца се повредени во експлозија на мина во регионот Дијарбакир. Инцидентот се случи еден по убиството на 13 војници во судирите со курдските бунтовници во југоисточниот дел на земјата. Претседателот Абдула Ѓул предупреди на жесток одговор на силите за безбедност и нагласи дека Турција со сите сили ќе го брани својот интегритет. Премиерот Реџеп Таип Ердоан најави дека за сегашната ситуација ќе разговара со американскиот претседател Џорџ Буш.