1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шумахер ја завршува кариерата во Формула 1

11 септември 2006

Три трки пред крајот на годинашнава сезона во Формула еден, рекодерот по освоени титули, вкупно 7 со шанса годинава да ја освои и осмата, како и носител на цела низа други рекорди, Михаел Шумахер, вчера најави дека неговата кариера завршува. Заминува еден исклучителен возач кој во изминативе десетина години доминираше на сцената на Формула 1.

https://p.dw.com/p/Aehj
Најголемиот ас во Формула 1, Михаел Шумахер на крајот од оваа сезона заминува во пензија
Најголемиот ас во Формула 1, Михаел Шумахер на крајот од оваа сезона заминува во пензијаФотографија: AP

Она што во последните денови беше шпекулација на сцената на Формула еден сега доби и официјална потврда лично од него:

„Многу се шпекулираше што се однесува до мојата иднина, но подолго време беше познато дека по трката во Монца ќе биде соопштено и сега сакам токму тоа да го направам„.

„Кога и да е доаѓа до точка кога се има свој крај. Тоа ќе биде на крајот од оваа година: јас ќе ја завршам мојата кариера во Ферари, секако надевајќи се на зенит„.

Значи, 37-годишниот Михаел Шумахер, кој досега освои седум светски титули со 90 победи, вистина на крајот од сезоната ја напушта Формула еден. Освен оваа сува изјава, Шумахер не соопшти никаква друга причина за неговиот чекор. Дури и сосема без никкаов коментар објавеното соопштение на Ферари непосредно по трката, не содржи други објаснувања. Тоа вистина е чуден крај на една многу успешна врска и затоа остануваат отворени многу прашања. Пред се затоа што на трката во Монца Шумахер убедливо потврди дека решението нема спортски причини. Тој во Монца направи се за да обезбеди шанси да ја освои и осмата титула. На големата награда на Италија, Шумахер убедливо победи пред Финецот, Кими Раиконен од Мекларен Мерцедес и возачот на БМВ Роберт Кубица од Полска.

Главниот конкурент на Шумахер во битката за титулата, Шпанецот, Фернандо Алонзо, кој на 10 круга пред крајот беше на третото место, поради дефект на моторот отпадна, што му ја овозможи на Шумехар 90-сеттата победа. Алонзо додуша и натаму води со 108 бода, но сега има предност од само два во однос на Шумахер кој има 106 и во наредните три ги има сите шанси да биде севкупен победник:

„Светската титула по трката е многу блиску. Концентрацијата сигурно мора да остане екстремно висока и никако не смее да се попушти. Да се радуваме на последните три трки со надеж за уште некоја победа„.

Седум пати Михаел Шумахер беше крунисуван како најдобар, последен пат во 2004 година. 15 години ја владеше сцената на Формула 1 и стана најуспешниот возач на сите времиња. На неговото конто со вчерашното прво место во Монца,се запишани вкупно 90 победи, а ги држи рекордите во пол-позициите и најголемиот број најбрзи кругови. Меѓутоа со 37 години тој има повеќе од доволно за да им стави крај на возбудувањата. Најверојатен заменик на Шумахер во Ферари ќе биде Финецот, Кими Раиконен.

Од меѓународниот спорт уште и веста за завршувањето четвртиот тениски грен слем турнир: отвореното првенство на САД. Во финалето Швајцарецот Роже Федерер го совлада домашниот тенисер Енди Родик со 3 спрема 1 во сетови, што е негова трета по ред на еден грен-слем годинава и деветта во кариерата.

Во женското финале победи Русинката Марија Шарапова која во два сета беше подобра од Белгијанката Жастин Енен-Арден.

Овој викенд во Германија се играа натпреварите во фудбалскиот куп. Прволигашите и учесници во лигата на шампионите Вердер и Хамбургер се исфрлени од натамошните натпревари. Ако не сте слушнале за регионалниот лигаш Пирмасенс сега ја имате таа можност: на пенали со 4 спрема 2 го испрати дома еминиентниот Вердер. Слично мина и Хамбургер: во продолжението загуби од Штутгартер Кикерс со 4 спрема 3. Тимот на шампионот Баерн мина во наредното коло низ иглени уши: на гости одвај 2 спрема 1 во продолжението против Санкт Паули. Од прволигашите се елиминирани уште Билефелд и Мајнц 05. Другите се пласираа за наредната рунда.