1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајк на наставниците во училиштата низ Македонија

Горан Петрески 16 ноември 2007

Наставниците од основните училишта и градинките во Македонија, денеска излегоа на штрајк. Причина за штрајкот се неисплатените октомвриски плати за наставниците.

https://p.dw.com/p/CI7m
Училниците во Македонија наместо со ученици денеска беа празниФотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Учениците се радуваат, родителите се лутата, бидејќи нивните деца губат од наставата поради штрајкот на наставниците во основните училишта и градинките во Македонија. Се штрајкува во повеќе градови и општини. Протесветарите протестираат бидејќи им должи платата.

Наместо на час, утрото учениците беа враќани дома. Децата во градинките беа згрижувани но немаа воспитно - образовна програма.

Освен неисплатените плати и конфликтот меѓу централната и локалната власт може да се смета за причина на штрајкот во која жртва се учениците.

Во втората фаза на децентрализација што предвидува финасиско осамостојување влегоа 42 од вкупно 87 општини во Македонија. Освен со доцнење на платите, училиштата се сооучуваат и со недостиг на пари за реконструкција на објектите.