1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкот во Либан заврши со жртви

24 јануари 2007

Либанската опозиција го заврши еднодневниот штрајк кој се одржуваше низ целата земја и кој се закануваше да прерасне во поголеми судири. Во протестите имаше жртви и многу повредени.

https://p.dw.com/p/Adtu
Слики од штрајкот во Либан
Слики од штрајкот во ЛибанФотографија: AP

Поради генералниот штрајк во Либан кој го организираше опозицијата предводена од радикалното движење Хезболах, земјата беше целосно блокирана. Илјадници демонстранти, пред се млади луѓе, ги забарикадираа приодите до пристаништата и аеродромот во Бејрут поради што многу летови беа откажани. Протестите на неколку места прераснаа во вистински судири меѓу демонстрантите и владините сили. Полицијата соопшти дека загинале три лица, а над 130 се повредени. Опозицијата предводена од Хезболах бара смена на владата на премиерот Синиора обвинувајќи ја дека ги застапува западните и американските интереси. Ова жестокот го демантираше либанскиот министер за информации, Гази Ариди:

„Никако не можам да ја прифатам ваквата позиција! Ние го застапуваме само либанскиот народ, а не американската страна! Од друга страна, ако ги прифатиме ваквите обвинувања на опозицијата, тоа истовремено ќе значи дека опозцијатаа во Либан ги застапува интересите на Сирија и Иран“, изјави Ариди.

Либанскиот премиер Синиора во телевизискиот говор побара итна седница на парламентот за да се реши кризата. Протестите се случуваат на само два дена пред почетокот на донаторската конференција за Либан која ќе се одржи во Париз. Германското претседателство со ЕУ, ги повика сите страни во Либан да започнат дијалог за да се избегне ескалација на насилство.