1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штрајкот во германските железници предизвика големи штети

18 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CIYn

Штетите за германското стопанство што ги предизвика штрајкот на машиновозачите се проценуваат на најмалку 74 милиони евра, вели за „Велт ам зонтаг“ Клаудија Кемферт, експерт за сообраќај на Германскиот иснтитут за економски истражувања. Магазините „Шпигел“ и „Фокус“ пишуваат дека Германската железница подготвува нов предлог за синдикатот на машиновозачите, кои бараат покачување на платите од 31 насто и сопствен тарифен догогор. Синдикатот најави дека во вторник ќе решава дали ќе свика неограничен штрајк.